еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сиљановска Давкова отишла да пие кафе со Радев затоа немало македонско знаме, вели советникот на Радев

Ако државник од соседната земја доаѓа да пие кафе во Бугарија, дали да ѝ ставиме знамиња во естаблишментот, изјави советникот на Румен Радев, Димитар Стојанов за бугарската БНТ, во врска со неистакнувањето на македонското знаме во претседателскиот кабинет на бугарскиот претседател, при посетата на Гордана Сиљановска Давкова.

„Не би сакал да зборувам за провокација во овој случај, додека бараме чекор напред во развојот на нашите односи. Не е коректно да се мешаме со знамиња во оваа ситуација,“ додаде тој.

Според Стојанов, посетата на македонската претседателка била од неформален карактер, односно не била ниту од државен, ниту од работен карактер, па затоа Бугарија не била должна да го истакне и македонското знаме, односно да го испочитува претседателскиот протокол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот амбасадор денеска на разговор во македонското МНР, оти го немаше македонското знаме на средбите во Софија

Зошто го нема македонското знаме на средбите на Сиљановска Давкова и Љутков во Бугарија?

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Титаник 2“ одложен за 3 декември, ќе се презентираат материјални докази

Редакција

Спасовски не открива детали за истрагата за руската вмешаност во Македонија

Редакција

Заев откако ќе ја слушнал новата „бомба“ за Рашковски ќе одлучел дали ќе бара оставка од него

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница