еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Стабилно и сончево време до четврток

Времето утрово е студено, по одделни котлини со слаба магла. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени, соопшти Управата за хидрометеролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 8 степени.

До четврток времето ќе биде стабилно, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност со пониски дневни температури. Во останатите места ќе биде релативно топло поради што ќе има делумно топење на снежната покривка.

Нови врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег се очекуваат од петок.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието за патни расходи потрошило 735.000 евра во 2019 година

Редакција

Градоначалникот на Арачиново не е повреден, повредени се две лица кои биле со него: Детали од МВР

Редакција

Борба против сушата и загадувањето: Во Македонија се подготвува колективна акција за садење на дрвја, како да се приклучите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница