еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Стружанецот кој исчезна пронајден мртов

Исчезнатиот 60-годишен стружанец К. М., кој исчезна во реонот на селото Брчево пред три дена, вчера е пронајден мртов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потрага по стружанец, два дена се води за исчезнат во реонот на село Брчево

Неговото беживотно тело, без траги на насилство, било пронајдено во атарот на струшкото село Глобочица, информираа за државната агенција МИА од СВР Охрид.

Неговото тело е дадено на обдукција.

Починатиот на 20. октомври излегол од својата куќа во селото и заминал да собира шумски плодови, а беше пријавен за исчезнат еден ден подоцна од неговиот брат Љ. М.

Фото. Планинска спасителна служба при Црвениот крст на Охрид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО+ФОТО) Пожар кај Пехчево: Огнот стигна над селата Робово и Умлена

Редакција

Владимир Георгиев член на ДКСК: Се менуваат услови и критериуми во огласите за работни места, за да се примаат партиски подобни кандидати

Силвана Жежова

Фестивалот на пивото во Прилеп ќе биде од 9 до 11. август, еве кој се ќе настапи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница