еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Супервештачење за случајот со родилката од Дебар, која остана без три органи

Струшкиот суд донесе одлука да се направи супервештачење за случајот со родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, која по породувањето во струшката болница остана без јајник, матка и бубрег.

Одлука на судот следи поради неусогласувањата на наодите од Судска медицина и она на одбраната.

Вештачењето од Институтот за судска медицина, приложено од Обвинителството, посочи одговорност кај лекарите од струшката болница, а вештачењето нарачано од одбраната, кое го направи вештакот Драге Дабески, заклучи дека лекарите ѝ го спасиле животот на родилката.

Адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев, изјави дека вештачење направено во Институтот за судска медицина ќе опстои, бидејќи нема друга вистина и очекува правдата си го најде својот пат.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албанска компанија ја тужи Македонија во Арбитражниот суд и бара отштета од 110 милиони долари

Редакција

Советот на јавни обвинители утре ќе цени дали ќе покрене постапка за разрешување на Јанева

Редакција

Пазарниот инспекторат во Куманово ќе биде затворен, еден инспектор позитивен на корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница