Судскиот совет ќе изврши увид во пресудата на судијата Ељведин Ферати, кој на возачот Менсур Пајазити, му изрече двегодишна казна затвор за прегазувањето на 22-годишната Теодора Ристовска на пешачки премин во Тетово.
“Веднаш побаравме да видиме што се случува, предметот е побаран и треба да ни биде испратен. Ќе извршиме увид и доколку има пропусти ќе реагираме. Доколку е сè во ред, ќе соопштиме“, изјави претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски.
Ваквата одлука доаѓа по острите реакции на јавноста и препораката од премиерот Христијан Мицкоски Судскиот совет да го преразгледа работењето на судијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бура од реакции за казната затвор од само две години за возачот кој ја усмрти Теодора Ристовска
Фото: Унсплеш