еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таравари кокетира со ДУИ, неговите партнери од „Вреди„ се оградија и тврдат дека немаат контакти со партијата на Ахмети

Арбен Таравари од поделената Алијанса за Албанците (АА), чии печати неодамна судски ги доби Зијадин Села, во интервју за 360 степени, кажа дека неговото крило имало канали на комуникација со опозициската ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зијадин Села е претседател на Алијанса на Албанците, печатите одат кај него, одлучи Судот во Тетово

Кажа и дека другите партии од владејачката „Вреди“, од која дел е неговото крило (другото на Села е дел од коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ), најверојатно имаат комуникација со ДУИ.

Во интервјуто потврди и дека имало сигнали до неговото крило од ДУИ за заеднички настап на престојните локални избори.

Од Демократско движење на Изет Меџити, Беса на Биљал Касами и Алтернатива на Африм Гаши експресно се оградија од Таравари и тврдат дека тие немаат никаква комуникација со ДУИ.

И од трите партии потенцираат дека немаат и нема да имаат комуникација и соработка со „корумпирана партија“, чии функционери се ставени на т.н. црна листа на САД.

Фото: Таравари/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штип, Скопје и Свети Николе со најмногу случаи на Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

(Видео+Фото) ТАВ Македонија беше домаќин на српски туристички блогер за промоција на Охрид

Редакција

Само 11% од заболените од Ковид-19 во Македонија завршиле во болница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница