еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски оди во домашен притвор

Врховниот суд информира дека ја уважил жалбата за пртиворот на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и тој од затворот во Шутка оди во домашен притвор.

„По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост,“ информираат од Врховен суд.

Неговиот адвокат Туфегџиќ по седницата рече дека се уште нема докази против Ѓорчевски, а осомничениот не може да се даде во бегство, бидејќи пасошот повеќе не му е важечки и дека соработува со Обвинителството во истрагата за убиството на неговата ќерка.

Александар Ѓорчевски изјави дека „бил обвинуван за работи кои не ги разбира“.

„Ми одземаа се и бев прикажуван каков човек и татко сум. Веќе не сум ни родител, ни татко. Ехо од човек остана од мене,“ рече Ѓорчевски, кој според изјавата на неговиот адвокат, немал контакт ниту со другата ќерка, и затоа било поднесено барање до Центарот за социјална работа,

Адвокатот Туфегџиќ рече дека Ѓорчевски два пати бил подложен на тортура и завршил на клиника и дека за тоа е известен Хелсиншкиот комитет од кој се чека извештај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На судењето за „Траекторија“ се презентираат СМС пораки за соработката со „Синохидро“

Редакција

Министерството за животна средина склучи договор со „Конструктор“ вреден 4 милиони евра

Редакција

По референдумот: Русија внимателно ја следи состојбата во Македонија, очекува да се почитува законот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница