Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.
На денешното рочиште таткото на Ѓорчевска, обвинетиот Александар Ѓорчевски треба да биде испрашуван од обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска.
Ѓорчевска и Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24. ноември 2023 година, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес, неколку дена подоцна, на 3. декември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реален доказ за Ѓорчевски нема, оставам на совеста на Обвинителство, вели адвокатот Туфегџиќ