еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Татко и син загинаа во сообраќајка на автопатот Скопје – Куманово

Татко и син вчера загинале во сообраќајка на автопатот Скопје – Куманово пред наплатната станица Миладиновци.

Станува збор за 34-годишниот Б.А. од кумановското село Опае, кој починал на местото на несреќата и неговиот малолетен син, кој починал подоцна во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) несреќата се случила вчера претпладне, откако возило „Мерцедес“, управувано од починатиот маж удрило во сообраќајни знаци и во запрено товарно возило „Ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице.

Од МВР информираа дека се приведени возачот на товарното возило – Р.П. и одговорното лице на правниот субјект – 55-годишниот П.М. од скопско.

Телото на починатиот маж е дадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тие што се вакцинирале во странство имаат една недела да се пријават на vakcinacija.mk/revaccination за да се ревакцинираат во Македонија

Редакција

Која е Хамас, која го нападна Израел

Редакција

Починаа три лица од Ковид-19, вкупно до сега 5.484

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница