Две лица се приведени под сомнение за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.
Дел од медиумите неофицијално објавија дека еден од приведените е Мухсин Арифи – в.д. директорот на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 ноември“ во Скопје.
На позицијата беше назначен во јули лани, а претходно беше директор на Психијатриската болница во Бардовци а е кадар на Алијанса за Албанците.
Акцијата е во координација на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), од каде очекуваат повеќе детали.
Фото: Унсплеш