Уготур АД Скопје во првите три месеци од годинава остварил добивка од 189 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Вкупните приходи остварени во овој период изнесуваат 997 илјади денари и истите бележат раст во споредба со истиот период во 2023 година, велат од таму.
-Во рамки на вкупните приходи целосно учество имаат оперативните приходи.
Вкупните расходи во периодот 01.01.2024 – 31.03.2024 година изнесуваат 808 илјади денари и истите бележат раст во споредба со истиот период 2023 година.
Финансиските расходи изнесуват 0 денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Марина Симоноски, претседателот на Одборот на директори на Уготур поднесе оставка
Маја Велкова избрана за извршен директор на Уготур