еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Утре во Скопје ќе се протестира за основното човеково право, за чист воздух

Утре во Скопје ќе се одржи протест за чист воздух. Протестниот марш ќе започне во 16 часот од пред Министерство за животна средина, ќе се продолжи преку Собрание и ќе заврши пред Влада.

„Протестираме бидејќи секоја година од 3.828 до 5.000+ луѓе во Македонија ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5. Ова претставува 17,7% од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух.

Бараме од надлежните институции итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на овие ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето,“ велат организаторите Зелен хуман град, Шанса за Центар, Skopje smog alarm, O2 Иницијатива, Зелените од Гази Баба, Иницијатива за ослободување од еднократна пластика НаТочак, Биди Зелен, Слобода на говорот.

Предлог мерките може да се прочитаат ОВДЕ.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата има намера да отвори културен центар во Благоевград, најави Ковачевски

Редакција

Како во Македонија се транспортираат примероци за лабораториска анализа за коронавирусот

Редакција

„За“ или „против“: Неопходно е да се излезе на гласање на референдумот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница