Сите ученички и студентски стипендии се исплатени, исплатата се однесува на сите постојни корисници за учебната, односно академска 2023-2024 година, информираа од Влада пред денешниот протест на студентите.
Од таму додаваат дека стипендиите се исплатени заклучно со месец јануари.
„Исплатата за новите корисници ќе се реализира во текот на неделата, со што сите средства кои им следуваат на сите категории ученици и студенти ќе им бидат целосно исплатени.
Апелираме до сите засегнати субјекти да ги црпат информациите од надлежните институции кои располагаат со детални и точни информации, со цел навремено, прецизно и точно информирање на јавноста и секако на учениците и студентите,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ