еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Фатмир Битиќи сподели детали како му бил ограбен домот

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, кој е и поранешен потпретседател на партијата и поранешен вицепремиер за економски прашања, за телевизијата 24 сподели детали за грабежот во неговиот дом во скопски Бутел за време на празниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ограбен Фатмир Битиќи, крадците украле злато, пари и рачни часовицни во вредност од околу 50.000 евра

Тој кога се случил грабежот бил во странство, а според него истиот се случил околу 3 часот наутро, кога во неговиот дом упаднале три лица, а грабежот траел од 3 и пол до 4 минути.

Дома имал поставено и аларм и видео надзор.

Две од лицата влегле во куќата, а третото надвор чувало стража.

Потврди дека му е одземен вграден сеф, кој како што вели за телевизијата бил буквално откорнат.

Во истиот имало пари и накит, кој бил од сентиментално семејно значење.

Шест минути по упадот пристигнале и лица од агенцијата за обебедување, со која е поврзан системот за аларм.

Битиќи без да сподели повеќе детали во грабежот гледа и политичка порака.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил пратеникот Фатмир Битиќи, чиј дом за време на празниците беше ограбен

Фото: Битиќи/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК: Два услова за успешен референдум

Редакција

Од септември повисоки цени на дел од поштенските услуги

Редакција

Кои се новите правила за влез на македонските граѓани во Швајцарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница