еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче избран за нов лидер на СДСМ

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче е избран за нов претседател на СДСМ со освоени 9.052 гласови, по обработени 77 избирачки места.

Неговиот противкандидат Јован Деспотовски најави приговори, бидејќи вели дека над 10.000 членови кои се регистрирале за гласање, односно изразиле инцијатива да учествуваат во изборниот процесот, не го оствариле своето право на глас.

„Како ни се случи на голем број на наши членови кои беа уредно регистрирани и дојдоа на избирачките места да не им е овозможено правото на глас?,“ изјави Деспотовски, кој освои 2.705 гласа.

Противкандидатот Александар Бајдевски освоил 905 гласа, Славјанка Петровска 190 гласа, а неважечки биле 174 ливчиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следува период на реорганизација и реформа во СДСМ, најави Филипче по победата

Фото: Филипче/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 66.433 денари убедливо на врвот

Редакција

Албански Топ ченел: Груевски влегол нелегално во Албанија, а излегол со лична карта

Редакција

ДЗС: Досега евидентирани 11.149 лица преку апликацијата за самопопишување

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница