еМагазин
Image default
Канцеларија ТОП СТОРИИ

Финансии и автомобилизам: Канцеларијата на Коста Костадиновски, портфолио менаџер во Капитал Ассет Менаџмент

Уште кога ќе влезете во канцеларијата на портфолио менаџерот Коста Костадиновски, основач на Капитал Ассет Менаџмент, веќе Ви е јасно со што се занимава.

На неколкуте екрани на неговото биро се вртат графикони, берзански податоци, информации за акции…

Тој е финансиски советник со положен стручен испит за инвестициски советник, застапник во осигурување, пензиски агент и инвестициски агент.

Во истата дневно поминува по 7-8 часови, а како што вели знае да стане и неколку часа пред стартот на работното време за да ги проследи најновите информации за бизнисот.

На неговото биро чува и фотографија од семејството, сопругата Елена, која исто така работи во сферата на финансиите во јавна управа и синовите Горјан и Стефан.

Впечатлива е и рамката во која се урамени паричките, кои гостите ги фрлиле за среќа на отварањето на канцелариите.

На централниот ѕид се истакнати сертификати и благодарници за неговото работење и доедукација.

Чува и спомени од бројните конференции и семинари на кои бил во земјава и странство.

Неговата канцеларија открива уште една негова голема страст освен финансиите – автомоблизмот.

Ако не влегол во овој свет, сигурно професионално ќе се занимавал со автомобилизам, вели Костадиновски, кој аматерски во слободно време посветува време и за оваа страст.

Мебелот во канцеларијата си го избрал сам и си го монтирал самиот.

Сите стории од рубриката “Канцеларија“, ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во акција на Интерпол спречен увоз на 63 тони пилешко месо од Полска во Македонија

Редакција

Што пишува во учебникот по географија, кој Македонија ќе треба да го менува согласно Протоколот со Бугарија

Редакција

Парите барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, и порача Боки 13 на судијката Николовска-Масевска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница