еМагазин
Image default
Спорт

Финансиска и логистичка поддршка за македонскиот олимписки спорт од меѓународните олимписки организации

Македонскиот спорт ќе добие поддршка во спортска техника и опрема од различни меѓународни спортски федерации со цел што поуспешна организација на Европските младински олимписки игри што треба да се одржат во Скопје во 2025 година.

Покрај техниката и опремата, Македонскиот олимписки комитет (МОК) ќе добие и дополнителна финансиска и логистичка поддршка за реализација на амбициозните планови и програми насочени кон остварување успешни резултати на македонските спортисти, информираат од таму.

Ова е резултат на работните средби што ги остварија претседателот на МОК, Даниел Димевски и генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски во рамки на 53. Генерално собрание на Европските олимписки комитети (ЕОК) што се одржува во Букурешт, Романија.

Димевски и Поповски на ова собрание добија силни ветувања за финансиска и логистичка поддршка од претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах и претседателот на ЕОК, Спирос Капралос.

На разговорите со Бах и Капралос особено се истакнува посветеноста и безусловната поддршка и доверба на врвот на ИОК и ЕОК во однос на последните случувања поврзани со Македонскиот олимписки комитет, при што беше ставен силен акцент на заедничките напори за изработка на нов Закон за спорт кој конечно ќе биде усогласен со Олимписката повелба на ИОК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бронзен медал за Петар Заборски од „Макпетрол“ на светската карате лига

Редакција

Италијанецот Алесио Окипинти победник на Охридскиот пливачки маратон, французинката Каролин Жуис најдобра кај жените

Редакција

(Фото) Охрид блесна викендов за време на ЕТУ Балканското првенство во триатлон

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница