еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Фирма од Скопје измамила 140.000 евра од Фондот за здравствено осигурување

Од Управата за финансиска полиција информираа дека е поднесена кривична пријава против И.Т., како управителка на правниот субјект „Бауер фајнд“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и против правниот субјект, бидејќи со лажна нотарска изјава склучила тригодишен договор со Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), со што го оштетила буџетот на институцијата за околу 140 илјади евра.

Пријавената управителка, како што велат од таму, дала лажна изјава на нотар со која потврдила дека ортопедското помагало кое го набавува и фактурира кон Фондот со назив „Ортоза за колк со зглоб“ е соодветно и одговара на помагалото „Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб“, иако била свесна дека таквото помагало не одговара на медицинските индикации и дијагнози утврдени во списокот на ортопедски помагала за кои е потребна потврда од лекар специјалист.

На овој начин, како што посочуваат од Финансиската полиција, таа го измамила и го довела во заблуда Фондот да склучи договор за набавка и испорака на несоодветни ортопедски помагала со назив „Ортоза за колк со зглоб“ во период од 1.1.2014 до 31.12.2016 година.

Во тој период фирмата го снабдила Фондот со 171 од овие помагала, за кои наплатила сума во вредност од 8 703 558 денари или 140 илјади евра, со што е оштетен буџетот на оваа установа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Беќаровски објаснува која вакцина против Ковид-19 би ја избрал и зошто

Редакција

Рахиќ: Јанева не е сместена во хашкото одделение, таму е Јовановски

Редакција

Рокот за аплицирање за студентски оброк истекува утре

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница