еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото+Видео) Велигден во Бигорски: Торжествено, величествено, светлоносно

И оваа година, бројни верници од цела држава, но и пошироко се слеаја во светилиштето Св. Јован Бигорски, кое според тоа на кој начин го пречекува Христовото Воскресение, е нашата Света Гора и светлиот Ерусалим, и како на ниту едно друго место, го прославува најголемиот христијански празник.

Претесен да ги собере сите, но доволно широк да ги прегрне со љубов верниците кои на еден мистичен начин ја доживеаја радоста на Воскресението, преку радоста на монастите и нивното пеење.

„Светли се, светли се, нов Ерусалиме, зашто славата Господова на тебе засветли. Ангелот и пееше на Благодатната: чиста дево радувај се и пак ќе речам радувај се, твојот син воскресна тридневен од гробот и мртвите ги подигна – луѓе веселете се! Светли се, светли се нов Ерусалиме, зашто славата Господова на тебе блесна… Ликувај сега и весели се, Сионе; Ти, пак, Чиста, радувај се, Богородице, за воскресението на твојата рожба“ .

Пеењето на химната на воскресението, лелеењето на свеќите, фрлањето на цвеќињата, миризбата на мирото и цвеќињата, никого на оставија рамнодушен во своето учество во радоста на празнувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто се вапцуваат јајца за Велигден

(Фото) Уметнички јајца за Велигден поставени низ Штип

(Видео) „Војна со ракети“ за Велигден на грчкиот остров Хиос

Фото/Видео: bigorski.org.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонците освојуваат градови“: Како „Њујорк тајмс“ во 1903 година известуваше за Илинденското востание

Редакција

(Видео) Поддржувачи на Брегзит го запалија знамето на ЕУ

Редакција

Македонски железници-инфраструктура вработува 18 лица, плата до 23.746 денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница