еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Андријана Јаневска промовираше книга со 150 македонски песни од Мала Преспа, Голо Брдо и Гора

Македонската пејачка Андријана Јаневска во Корча, Албанија, ја промовираше книгата „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“.

Песните Јаневска девет години ги собираше од овие региони во кои живеат Македонци. Со оваа таа успеа да заштити 150 песни.

„Народното творештво претставува еден од најзначајните сегменти во севкупниот материјално-духовен идентитет на македонскиот народ.

Истражувањата покажаа дека чувството за: јазикот, припадноста и идентитетот никогаш не ги напуштило Македонците од овие региони.

Во текот на моите теренски истражувања, но и во многу книги сретнав записи и кажувања како македонскиот фолклор сакаат да го прикажат како туѓ.

Македонскиот народ, кој живее во овие три региони, токму преку традиционалните македонски песни, во разни варијанти, е поврзан како еден единствен народ, кој, за жал, во минатото бил разделен“, напиша таа на нејзиниот Фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Андријана Јаневска стана доктор на науки, собра над 150 македонски народни песни во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора

Андријана Јаневска одбила да ја преставува Македонија на Евровизија

(Видео) „Ми заплакало селото Ваташа“ на Андријана Јаневска и Игор Џамбазов, нова нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“

Фото: Јаневска/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Членови на менаџментот на Макпетрол купија акции на компанијата

Редакција

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

Редакција

Како е правилно: „северномакедонски или македонски„: МНР објави прирачник за медиуми за употреба на новото име

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница