Македонската пејачка Андријана Јаневска стана доктор на науки, а како што информираше на социјалните мрежи на нејзиниот докторски труд работела девет години и успеала да заштити над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора.

На прогласувањето за доктор на науки на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, беше и нејзиниот сопруг, гитаристот Драган Гиновски – Гино.

Таа е професор по солфеж и соло пеење на Катедрата за популарни жанрови на Факултетот за музичка уметност и е виолинистка во Национална опера и балет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Андријана Јаневска одбила да ја преставува Македонија на Евровизија
Фото: Јаневска/Фејсбук/Инстаграм


