еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Нашиот супер модел Ана Калачоска го кажа судбоносното ДА!

Во петокот вечерта во присуство на одбрани гости и најблиските пријатели нашиот супер модел Ана Калачоска овој пат во вистинска венчаница го изговори судбоносното Да.

„Нејзината кариера како модел започна уште во далечната 2004 година кога потпиша договор со светска агенција “NAMES “во Милано. Калачоска беше навистина една од нашите први модели која покрај успесите во Европа реши да се обиде и во далечната Азија,“ се потсетува нејзиниот пријател и менаџер Алек Наумовски.

Покрај големиот успех кој го постигна во Кина и Јапонија , беше и првата македонка која во тоа време имаше и насловна страна за компанијата FUJI FILM.

„Нејзината фантастична кариера траеше повеќе од две децении во која имаше соработка и со македонските значајни брендови како Лудус, Елена Лука и Кокев. Иако имаше кампањи и фотографирања каде што носеше раскошни венчаници овој пат приватно беше една од најгламурозните невести. И посакуваме најголема среќа и сме бескрајно благодарни што беше една од нашите први интернационални модели,“ велат од нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Џо Бајден, новиот претседател на САД

Редакција

Листа на контакти во македонските дипломатско-конзуларни претставништва, за информации за повредени кои се лекуваат во странство

Редакција

“30 евра од Вучиќ за сите Македонци што гласаа за Србија“: Твитер реакции за Евровизија

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница