еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Објавена потерница од избеганиот Исмет Гури, поранешен функционер на ДУИ

Министерството за внатрешни работи објави меѓународна потерница од избеганиот од домашен притвор, Исмет Гури, поранешен функционер на владејачката ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од домашен притвор избега Исмет Гури поранешен функционер на ДУИ, распишана е потерница

Поранешениот заменик-директор на Управата за јавни приходи, заврши во притвор во затвор поради инволвираност во случај со даночни измами, а Кривичниот суд во Скопје го ослободи од издржување на казната и времено му ја замени со домашен притвор поради примање на редовна терапија за здравствените проблеми кои ги имал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

30 дена притвор за поранешниот функционер на ДУИ, Исмет Гури и уште две лица

Во случајот е опфатен и неговиот син.

Гури, заедно со Ејуп Алими, исто така, во јули лани доби затворски казни од по три години и шест месеци од Основниот кривичен суд Скопје во повтореното судење за случајот „Титаник 3“, за уништување изборен материјал.

По излегувањето на Изет Меџити од ДУИ, тој се придружи на неговата нова партија Демократско движење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ повторно осудени на три и пол години затвор за „Титаник 3“

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На повидок нов бран на Ковид-19, невакцинираните и тие што не го прележале вирусот на „удар“

Редакција

Пет нови случаи на Ковид-19 од 2.466 тестирања, бројката на активни изнесува 251

Редакција

Оставката на Рашковски не влијае на работата по предметите, велат од Антикорупциска комисија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница