еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Општина Центар во новогодишна магија

Општина Центар информира дека заврши со процесот на украсување за Новогодишните и Божиќните празници. Оваа година, новогодишното украсување со бројни светлосни украси, елки и декоративни елементи поставени на најфреквентните локации во општината започна на 21. ноември со цел создавање празнична атмосфера која ќе донесе радост и топлина на жителите на општината, но и на сите граѓани.

Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека секоја светилка нѐ потсетува на празничната атмосфера со најблиските, на љубовта, на мирот и на радоста.

„Центар блеска во новогодишна магија. Секоја светилка нѐ потсетува на празничната атмосфера со најблиските, на љубовта, на мирот и на радоста. Минатиот месец, први во државата почнавме со украсување за да ги стоплиме срцата на дечињата и на возрасните, Центар е дом во кој сите се добредојдени”, истакнува Герасимовски.

Во текот на следната недела, граѓаните ќе бидат информирани за сите културни и музички настани што ќе се реализираат пред празнично, на крајот од 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото вест) Се поставува новогодишната елка на плоштадот во Скопје

Од 30. ноември до 19. јануари „Зимзоленд“ во Скопје: Луна парк, концерти, лизгалиште… се на едно место

(Видео) Штип во новогодишно руво

Фото: Општина Центар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирно заврши денешниот протест против „францускиот предлог“

Редакција

„Македонско сценарио“ за упадот во РТС: Твитер го „подбра“ Вучиќ

Редакција

Од ДУИ објаснуваат: Ахмети не спомнал непријателски медиуми, туку агресивни тонови од граѓаните во контактните емисии на Алфа и Телма

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница