еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

(Фото) Отворена спомен куќа на Гоце Делчев во Битола

Синоќа свечено беше отворена „Спомен куќата на Гоце Делчев“, во централното градско подрачје на Битола, во која македонскиот револуционер Гоце Делчев престојувал во 1901 година.

Завод и Музеј Битола целосно ја реновираше спомен куќата, некогаш сопственост на семејството Ракиџиев.

„Денес на 122 годишнината од погибијата на нашиот Гоце Делчев, повторно, по неколку години ја отвораме спомен куќата како еден патоказ, кон враќањето на нашите спомени.

Како што многу пати зборувавме, човек кој не си ја познава својата историја и кој не ги почитува своите спомени, како и да не постои. Благодарност за Завод и Музеј кој по многу години повторно ја отвори оваа спомен куќа.

Со ова Битола не добива само историски споменик, туку и нова туристичка понуда која може да се посети, посветена на апостолот на револуционерна борба“, изјави градоначалникит Тони Коњановски.

Директорот на Завод и музеј Битола, Зоран Николовски изјави дека во куќата, каде е реновиран ентериерот и екстериерот, секој посетител може да погледне оригинални документи и артефакти.

„Внатрешноста на куќата е целосно реновирана со нов лик на музејската поставка. Станува збор за три простории во кои се изложени документи, текстови и изјави од периодот пред востанието, а во една просторија има восочна фигура на Гоце Делчев, покрај работната маса“, додаде Николовски.

Преуредувањето на музејската поставка во спомен-куќата се состои од три дела – историска соба и етнолошка соба, кои се наоѓаат на горниот кат и училница која се наоѓа на долниот кат од куќата.

Синоќешниот настан беше заокружен со уметничка програма во изведба на членовите на КУД „Гоце Делчев“ од Битола.

Фото: Општина Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викендов бесплатен превоз за битолчани до Стрежево и Пелистер

Редакција

Кои се двајцата директори на М-НАВ, поради кои претседателот на синдикатот на контролори на летање беше викнат на сослушување во полиција

Редакција

Антикорупциска отвори предмет за Јово Вангеловски за набавка на БМВ вредно 40 илјади евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница