еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Рамстор со уште еден маркет во Општина Аеродром

„Рамсторе Македонија“ го отвори новиот „Рамсторе Експрес маркет“ во скопската oпштина Аеродром, поточно во населбата Мичурин близу ООУ “Блаже Конески”, информираат од таму.

Во новоотворениот и модерно дизајниран маркет на потрошувачите ќе им бидат понудени свежо овошје и зеленчук, леб и пекарски производи, како и повеќе од 2.000 други производи.

Промоциите, продажните акции, подароци и гратис производи го одбележија отвoрањето на новиот Рамстор Експрес маркет кои ќе траат до 4. февруари, а покрај големите попусти потрошувачите можат да ги искористат и дополнителните бенефиции при пазарувањето со Рамстор клуб картичката.

-Во „Рамстор Експрес“ ветуваме брзо пазарување, позитивно шопинг искуство и големо портфолио на производи со висок квалитет и одличен избор, велат од таму.  

Од „Рамстор“ најавуваат продолжување на инвестицискиот пораст и развој во земјава, преку нови активности и отворање нови маркети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2024/2025

Редакција

Шапка и Маврово во фокусот на белоруските тур-оператори за претстојната зимска сезона

Редакција

НЛБ Галерија ги отвора вратите за младите фотографи од Creative Hub

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница