еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Сиљановска Давкова во Берлин: Потребен е нов Маршалов план за обнова на Украина

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на Конференцијата за обнова на Украина, која се одржува во Берлин, Германија.

Таа како што информираат од нејзиниот Кабинет, порачала дека е потребен нов Маршалов план за обнова на Украина и дека е неопходно инвестирање не само во патната и во енергетската инфраструктура, туку и во човечката, образовна, социјална и нормативна инфраструктура.

-По Втората светска војна, Маршаловиот план, меѓу другото, беше израз на солидарност кон разрушената Европа, а денес е неопходен нов вид Маршалов план за разрушената Украина, порачала претседателката.

Сиљановска Давкова присуствувала и на отворањето на Конференцијата, на кое свои обраќања имаа германскиот канцелар Олаф Шолц, украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен.

Конференцијата е продолжение на серијата годишни настани на високо ниво посветени на брзо закрепнување и долготрајна реконструкција на Украина, по почетокот на руската воена агресија.

Клучна цел на настанот е да се обезбеди континуирана меѓународна поддршка за обнова, реконструкција, реформи и модернизација на Украина

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бизнисменот Кочо Анѓушев и неговата фамилија на „црната листа„ на САД

Редакција

Управата за финансиска полиција вработува 27 лица, плата до 47.000 денари

Редакција

13-годишно момче загина во прилепско Лажани во судир на два мопеди

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница