еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Спасувачка акција на Галичица: Туристка од Чешка скршила нога при планинарење, пренесена со хеликоптер

Членовите на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид и Алпинистички клуб Патагонија Охрид со целокупниот расположлив капацитет, веќе 7 дена се вклучени во гасењето на пожарите во охридско, а особено на пожарот во Национален парк Галичица, информираат од Национален сојуз за планинско спасување.

Вклученоста е главно во логистичка поддршка, обезбедување и достава на храна за тимовите кои гасат, транспорт на луѓе со теренски возила, а на Галичица и со директна вклученост во гасењето на пожарот, поради непристапноста на теренот.

„Покрај ангажманот во гасењето на пожарот на Галичица, денес во 13:50 ч. преку единствениот повикувачки број 112 и итната медицинска помош од Охрид, добивме повик за спасување на повредена жена, турист од Чешка, која се здобила со скршеница на десна потколеница, планинарејќи на Галичица.

Бидејќи целокупниот потенцијал на ПСС во моментот беше ангажиран, побаравме хеликоптерска асистенција, при што дел од тимовите кои се вклучени во гасењето на пожарот, беа пренасочени во спасувачка операција.

Благодарение на оперативноста на ЦУК и умешноста на пилотите од хеликоптерската единица на МВР, веднаш беше обезбеден хеликоптер, со кој тим од ПСС беше транспортиран до местото на несреќата. Бидејќи тимот беше повлечен директно од терен, беше принуден да изврши имобилизација и транпорт со импровизирани средства. Во 15:30ч. повредената беше пренесена во специјалната болница за ортопедија и трауматологија, а тимот од ПСС се врати да им помогне на пожарникарите и ренџерите од НП Галичица во борбата со огнената стихија.

Се надеваме дека сите овие случувања ќе предизвикаат поголем интерес во иднина за јакнење на сите капацитети за справување со кризи и несреќи, особено во вреднувањето и поддршката на волонтерските тимови од различни специјалности,“ се вели во соопштението.

Фото: Национален сојуз за планинско спасување/МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

21% од починатите од Ковид-19 во последните 4 месеци биле вакцинирани

Редакција

Кривична пријава против двајца изнудувачи од Скопје: Се заканувале на мајка и син

Редакција

Убава вест: Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината, постигнат директен договор со компанијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница