еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Фрлени шок бомби во српскиот Парламент, три пратенички повредени

Неколку пратеници во српското Собрание се повредени, откако денеска на редовна седница настана хаос по фрлени димни бомби и запалени факели.

Претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ кажа дека една пратеничка на СНС била погодена во глава и дека е пренесена во болница.

„Пратеничката Јасмина Обрадовиќ имаше мозочен удар и е во животна опасност. Жената се бори за живот зашто фрливте шок-бомба врз неа“, кажа Брнабиќ, додавајќи дека се повредени уште две пратенички, од кои една била бремена.

На дневен ред на седницата требаше да се најдат 62 точки, меѓу кои и гласањето за разрешување на Брнабиќ.

Седницата почна во 10 часот во Домот на Народното собрание, а инцидентите се случија нешто по 11 часот.

Опозицијата разви транспарент „Србија станува за да падне режимот“, а пратениците се гаѓаа со шишиња, вода и јајца, а целата сала се исполни со чад.

Дел од опозициските пратенички групи најавија дека нема да учествуваат во работата на Парламентот, но најавија одредени акции, без да прецизираат за што станува збор.

Видео: РТС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој ја зборува вистината: Знаел ли министерот Димитров за „Рекет“ или не?

Редакција

(ВИДЕО) Упад во Парламентот, солзавец, запалени полициски возила: Протест во Белград поради враќање на полицискиот час

Редакција

Македонка од центарот на епидемијата на корона вирусот во Италија: Младо активно лице ја зарази цела Ломбардија, седете дома!!!

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница