Од НЛБ Банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека нов претседател на Надзорниот одбор (НО) на Банката е Словенката Хедвика Усеник.
Таа доаѓа на местото на Блаж Бродњак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Блаж Бродњак не е повеќе претседател на НО на НЛБ Банка
Мандатот на Усеник како член на НО ќе трае до 30.08.2025 година, а ќе стапи на сила по добивање на согласност од гувернерката на Народната Банка.
Усеник е магистер по бизнис и администрација, која од мај 2022 година ја извршува функцијата член на Управниот одбор на НЛБ д.д во Љубљана.
Беше член на НО на НЛБ Банка АД Скопје и во периодот од 2018 до 2020 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ