еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Четиримесечно машко бебе било донесено починато во болницата во Струга

Четиримесечно бебе од струшко без знаци на живот синоќа од родителите било донесено во Општата болница во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Во ОВР Струга вчера во 22 часот и 43 минути било пријавено дека детето починато е однесено на Детското одделение.

„На Детското одделение во Општата болница во Струга од родителите било донесено четиримесечно машко бебе од струшко село без знаци на живот. Според пријавеното, тие претходно повикале екипа од Итната медицинска помош – Струга, кои во семејниот дом извршиле реанимација, по што бебето го пренеле во болницата, каде била констатирана смрт,“ информира портпаролот Стефан Димоски.

По наредба на јавен обвинител, врз телото на бебето ќе биде извршена обдукција, која треба да покаже како настанала смртта.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

39-годишен маж најден починат во неговиот дом во Скопје

Редакција

(Фото) Бугарија го затвора здружението кое го отвори македонскиот клуб во Благоевград

Редакција

Што знаеме за вакцината „АстраЗенека“ и колкав е ризикот?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница