еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Шест медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат во Будва

По еден златен и бронзен, како и четири сребрени медали, освоија членовите на македонската карате-репрезентација од клубот „Макпетрол“ на Балканското првенство во Будва.

Со одличја во поединечна конкуренција се закитија Јована Мицовска (-61 кг., злато), Викторија Јовановска (-61 кг.), Ангела Мојсовска (-68 кг.) и Стефан Стојановиќ (+84 кг.), сите сребро. Јовановска и Мојсовска добија исти вакви признанија, но во екипните борби.

– Не можеме да бидеме незадоволни, сите наши каратисти прикажаа модерно карате и максимална борбеност и желба за успех. Конкуренцијата беше голема и квалитетна, учество земаа многу повеќекратни европски и светски шампиони од балканските држави.

Во тимот недостасуваа пет стандардни репрезентативци од клубот, кои поради повреди и грип не можеа да дојдат во Будва. Постигнатиот успех сам за себе зборува дека ние како клуб имаме и многу поголем потенцијал и можности, изјави Петар Заборски, тренер на „Макпетрол“.

За многу земји од регионот Балканското првенство значи и критериум за влез во националните репрезентации за претстојното Европско сениорско првенство. На Балканското сениорско првенство што викендов се одржа во Будва, Црна Гора, учествуваа 12 држави со 337 спортисти. Во секоја тежинска категорија право на настап имаа најдобрите четири спортисти од секоја држава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телекомуникацискиот оператор Vip станува А1 во текот на годинава

Редакција

Бугарскиот универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“ отвара катедри во Свети Николе, наставата ќе биде на англиски

Редакција

Предлогот за состав на владата во Собранието во вторник, министрите на ВМРО-ДПМНЕ ќе се знаат во недела

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница