еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Што ако денеска нема цензус и не се избере нов претседател на Македонија

За да денеска се избере нов претседател на Македонија потребен е и цензус од 40% излезност или 725.000 гласови.

Периодов неофицијално многу се зборуваше за тивко бојкотирање од страна на одредени партии, а некои од нив и јавно повикаа на бојкот на претседателските избори.

Граѓаните на двојните избори исто така можат да одлучат да гласат само за парламентарните избори, што дополнително може да придонесе да не се исполни цензусот, за кој Македонија доби неколку препораки да го укине.

Што ако нема цензус

Досега во Македонија се нема случено да не биде постигнат цензусот за избор на претседател на државата, а доколку се случи тоа Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги смета претседателските избори за неуспешни и во рок од 40 дена Собранието треба да распише нови.

Во тој случај претседателот на Собранието, според македонскиот Устав, ќе ја преземе функцијата претседател на Македонија и тој ќе ги има и сите овластувања да додели мандат за составување на нова влада.

Во такво непосакувано сценарио, кое може да предизвика политичка криза, едната опција е мандатот за состав на нова влада да го додели актуелениот претседател на Собранието, а втората е да биде конституирано новото Собрание и новиот претседател на Собранието да додели мандат за состав на влада.

Актуелен претседател на Собранието е кадарот на владејачката СДСМ, Јован Митревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска двојни избори во Македонија, искористете го своето гласачко право

Двојните избори ќе ги следат 1.303 домашни и 860 странски набљудувачи, се гласа само еднаш

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синоличка Трпкова: Јазикот не е вонбрачно дете за кое треба да се докажува татковство со дебати, изјави, симпозиуми, дискусии

Редакција

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Чибишев нов директор на Токсикологија, а на Неврологија Меџити

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница