еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јанкулоска ослободена за „Тврдина“, Грујевски, Јакимовски и Бошковски добија затворски казни

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска во Кривичниот суд Скопје беше ослободена од вина за случајот “Тврдина“, кој се однесува на уништување на опремата со која масовно се прислушуваа илјадници граѓани, а го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство.

Бегалецот Горан Грујевски, поранешен началник на Петтата управа доби 14 години и шест месеци казна затвор за злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување службена исправа.

Никола Бошковски, кој исто така е во бегство, а е поранешен вработен во поранешната Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), за истите дела доби затвор од 9 години и 10 месеци.

Тони Јакимовски, шеф на кабинетот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, доби три години затвор.

Грујевски, Јакимовски и Бошковски треба да ја надоместат и направената штета во износ од 87.422.668 илјади денари во рок од три месеци.

Валентина Симоновска доби условна казна од две години затвор, која нема да се изврши доколку таа во рок од пет години не направи друго кривично дело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Звучни имиња и фирми на новата Листата на должници на УЈП

Редакција

Професор Трајковски: Доколку сметаме со 1,7 милиони жители одвишната смртност во Македонија е 615 починати на 100.000 жители

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 52 лица, приведени 39

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница