еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јован Деспотовски по вторпат ќе се кандидира за претседател на СДСМ

На изборите за нов претседател на СДСМ на 30. јуни своја кандидатура по вторпат ќе поднесе и Јован Деспотовски, најави тој на својот Фејсбук профил.

Тој беше кандидат на последните избори за претседател на партијата, на кои беше избран Димитар Ковачевски.

-Ќе се кандидирам за претседател на партијата, а кандидатурата ќе ја поднесам во зависност од роковникот.

Овие избори не треба да се сведат на пазарење, туку на натпревар на концепти и идеи и да им се овозможи на луѓето да се изјаснуваат без притисок и без пазарење. Верувам дека на партијата, покрај длабоки реформи, и е потребен лидер кој ќе обединува.

Обединувањето на партијата треба да почне да се случува веќе сега, меѓутоа не на начин на којшто треба сите потенцијални структури или структури внатре да седнат и да се договараат, затоа што тоа е погрешен пристап. Пазарењето е погрешен пристап.

Треба да се обединиме околу целта да имаме еден процес во којшто сите членови на партијата ќе им дадеме право, без фаворизирање и без странични игри, самостојно да се изјаснат за програмите кои треба сите кандидати да ги понудат, напиша тој на Фејсбук.

Кандидатура за претседател на СДСМ најави и министерката за одбрана во заминување, Славјанка Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Славјанка Петровска најави кандидатура за претседател на СДСМ

СДСМ ќе избира претседател на партијата на 30. јуни

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои пратеници од Македонија ќе гласаат дали Косово ќе стане членка на Советот на Европа

Редакција

Аудио „бомби“ го тресат Балканот: Оркестриран удар против ДУИ и Еди Рама?

Редакција

Душан Пецовски, првиот човек на Реплек, купи акции на компанијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница