еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе има ли средба помеѓу Македонија и Бугарија во Хаг на која ќе присуствуваат и преставници на ЕУ, НАТО и САД?

На денешната прес-конференција со високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешна и безбедносна политика Каја Калас, македонскиот премиер Христијан Мицкоски откри дека се согласил на заедничка билатерална средба на Македонија и Бугарија на маргините на Самитот на НАТО, кој ќе се одржи на 24 и 25. јуни во Хаг, Холандија, а на која ќе присуствуваат и преставници на ЕУ, НАТО и САД.

Тој се согласил за средбата на денешната средба со Калас, која не ја коментираше истата.

Засега нема реакции од Бугарија, а на истата доколку се случи, Македонија ќе ја преставува претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а Бугарија, нејзиниот бугарски колега, Румен Радев.

На средбата според Мицкоски би требало да присуствуваат и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Калас, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и претставник на САД.

Мицкоски кажа и дека оваа тема се отворила и при неодамнешната посета на Кошта на Македонија и дека веќе разговарал со Сиљановска Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се работи на деблокирање на европскиот пат на Македонија, рече Калас од Скопје

За Украина во ЕУ има план Б, за Македонија нема

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Редакција

Телата на повеќе од 900 цивили се откриени во регионот на Киев по повлекувањето на руските сили, тврдат украинските власти

Редакција

„Држи ли вода“ иницијативата на Левица: И референдумот во 1991 имаше двосмислено прашање

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница