еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

Ќе се снима филм за Путин во млади години, ќе го игра Џуд Ло

Според бестселерот на Џулијано да Емполи, „Волшебникот од Кремљ“, ќе се снима филм за рускиот претседател Владимир Путин во млади години, а него ќе го глуми британскиот актер Џуд Ло.

Дејствието е сместено на почетокот на 1990-тите, а филмот ја раскажува приказната за Вадим Баранов, ТВ-продуцент, кој неочекувано станува спин доктор на Путин, кога тој го започнува своето доаѓање на власт.

Пол Дано ќе ја игра улогата на Вадим Баранов, a во филмот ќе глуми и оскаровската Алисија Викандер.

Режисер на филмот е Оливие Асајас.

Книгата „Волшебникот од Кремљ“ излезе од печат во април 2022 година, два месеца по почетокот на руско-украинската војна.

Фото: Кабинет на Путин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови пратеници во Собранието се Јане Мицевски и Малиша Станковиќ

Редакција

Уапсен пијан велешанец кој сам се пријавил дека искршил табла со натпис „Република Северна Македонија“

Редакција

Спасени две семејства од странство кои се изгубиле и заглавиле со возилата во Мариово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница