еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе се спои ли Стопанска банка Битола со Комерцијална?

Од Комерцијална банка АД Скопје деновиве информираа дека Банката ќе започне со длабинска анализа на работењето на Стопанска банка АД Битола за можно присоединување на двете банки.

Првпат Комерцијална банка интерес за присоединување со Стопанска банка Битола покажа лани во септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стопанска банка Битола потврди дека се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална

Како работеше Стопанска банка Битола изминативе три години

Во првите три месеци од годинава, Стопанска банка Битола оствари добивка пред исправка во износ од 44,35 милиони денари, што претставува годишен раст од 8,94% во споредба со истиот период од 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работеше Стопанска банка Битола, за која Комерцијална започна анализа за можно присоединување, во првиот квартал

Лани оствари добивка пред исправка во износ од 146,44 милиони денари, што претставува годишен раст од 50,79% во споредба со 2022 година.

Во 2022 година Банката оствари нето-добивка во износ од 29,95 милиони денари, а во 2021 година нето-добивка во износ од 345,10 милиони денари, една од најуспешните години во повеќедецениското работење на Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку пари потрошила лани Стопанска банка Битола за плати за менаџментот и вработените

Антони Пешев стана член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

73,9% од лицата кои починале од Ковид-19 имале претходно заболување, најчесто кардиоваскуларна болест

Редакција

Од Ковид-19 починаа 33 лица, најмладиот пациент на 39-годишна возраст

Редакција

Протест на ВМРО-ДПМНЕ: Делчев е црвената линија на нашето достоинство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница