Дури 1.507 административци сѐ уште чекаат да бидат систематизирани. Добиваат плата, но не одат на работа, објави телевизијата ТВ 21.
Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураку, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, вели дека веќе е донесена одлука за распоредување на 908 административци.
-Во овој ресор, во ова министерство, имаме 1.507 административци кои не се распоредени низ институции. Тие се вработени, но не се распоредени низ институции, а беа 3.000. Сега има владина одлука – 908 да бидат распоредени во сите институции, вели Дураку.