еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

1 ТВ престана да емитува програма, ќе остане ли без дозвола за работа?

Од синоќа, на сопствена инцијатива, телевзијата 1ТВ престана да емитува програма.

Проблемите на телевизијата почнаа со апсењето на нејзниот неформален сопственик, Бојан Јовановски (Боки 13), за случајот „Рекет“ на Јавното обвинителство, по што тој заврши во притвор.

Иднината на телевизијата останува неизвесна, а ако продолжи да не емитува програма во рок од 30 дена, согласно Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, ќе и биде одземена дозволата за работа.

Телевизијата почна со работа во март 2018 година.

Веб страната на телевизијата се уште е активна.

Колкави приходи остварила телевизијата лани?

Според податоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумиски услуги, 1ТВ лани имала 46 вработени, во редовен работен однос и 34 лица со авторски договори.

Трошоците за плати изнесувале 16,64 милиони денари.

Телевизијата во 2018 година работела позитивно и остварила добивка од 1,55 милиони денари.

Лани телевизијата остварила приходи од 39,23 милиони денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 6 лица, сите со коморбидитети

Редакција

Лажни пораки од Фондот за здравствено осигурување, граѓаните да внимаваат

Редакција

Велешки “Ветекс“ во првото полугодие со добивка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница