еМагазин
Image default
Македонија

118 лица до 19 години заболеле од Ковид-19 за една недела

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 26 април до 2 мај 2021 година регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

“Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=781, 37,6%).

Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=349; 16,8%), 40-49 (n=333; 16,0%), 30-39 (n=323; 15,6%) и 20-29 (n=172; 8,3%).

Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=33; 1,6%) и 10-19 години (n=85; 4,1%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.012 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 34,5% во споредба со минатата недела“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

17 лица биле на возраст од 30 до 59 години: За една недела 167 смртни случаи од Ковид-19

Намалување од 39,7%: За една недела 2.076 нови случаи на Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За пари од платената политичка програма за изборите се пријавиле 242 медиума од кои 159 портали

Редакција

„Еден ден ќе се вратам“, порача Груевски

Редакција

Со потпретседателката на Бугарија, Јотова за да промовираат бугарски проекти во Македонија, доаѓа и Петков

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница