еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

13-години од смртта на Тоше Проески: Сите го паметат утрото кога ја слушнаа веста за несреќата

Фановите и почитувачите на делото на Тоше Проески, неговите пријатели, денеска на социјалните мрежи споделуваат песни во знак на сеќавање на 13-годишнината од смртта.

Од бројните коментари и посвети за овој македонски и балкански пејач, можеби најголемата вистина е коментарот дека тоа утро сите се сеќававме што правевме, кога ја слушнавме страшната вест за сообраќајната несреќа кај Нова градишка, во која животот го загуби Тоше.

Можеби не би се сетиле за утрото пред една недела, но на 16. октомври 2013 година сите знаеме каде бевме кога не сакавме да поверуваме дека згасна животот на најголемата балканска ѕвезда.

13 години почивалиштето на Тоше беше заборавено, за денеска да биде најавено откривањето на неговата спомен плоча. Музејот посветен на Тоше работи, но тој заслужува и достојно почивалиште.

Тоше се уште има фанови од цел Балкан кои не ги забораваат неговите песни, и се уште прават хуманитарни акции и спортски подвизи во негова чест.

Тој никогаш нема да биде заборавен, бидејќи низ музиката и неговите песни, се сеќаваме на него. Но и ден денес се уште недостасува пред се таков човек, а потоа и пејач.

Фото: Хит рекордс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ ја продолжи употребата на сертификатот за Ковид-19 до јуни 2023 година

Редакција

Ќе истражи ли семејниот пријател Абази како внукот на Ахмети стекна 39% од “Соравиа“ без пари

Редакција

(ВИДЕО) Шокантни снимки од пожарите во Грција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница