еМагазин
Image default
Македонија

13 лица меѓу кои и полициски службеник на сопствена сметка во карантин поради непочитување на мерките за изолација и самоизолација

Петстотини шеесет и шест лица добиле решенија за изолација, а 178 лица потпишале изјава за самоизолација во изминатото деноноќие, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што било констатирано дека две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација .

-Од стапување на сила на уредбата за непочитување на решенијата за изолација и самоизолација од 12.06.2020 до денеска 22.06.2020 година во државен карантин на сопствен трошок спроведени се вкупно 13 лица меѓу кои и еден полициски службеник, а против лицата ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ.

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 707 прекршоци, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР објави листа на физички и правни лица на кои не може да им се достават решенија за прекршоци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемување од 18,9%: Во Македонија за една недела 790 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Јовески: Снимката во „Ла Верита“ не е излезена од Обвинителството

Редакција

(Видео) На обележувањето на Водици во Скопје физички и вербално нападната новинарка на Канал 5

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница