еМагазин
Македонија

15.000 вакцини ќе бидат аплицирани неделава

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека в петок се очекува да пристигне голема количина на вакцините „Фајзер“.

Оваа недела, најави, ќе бидат проследени четири илјади вакцини што ги имаме во моментов и 11 илјади, како што рече, што ќе стигнат денеска. Според него, околу 15 илјади вакцини ќе бидат аплицирани во текот на оваа недела.

Потсети дека во нашата држава има околу 240 илјади вакцинирани граѓани заклучно со крајот на минатата недела, а околу 180 илјади граѓани чекаат во овој момент за вакцинација.

„Вакцинирано е население од некаде над 20 проценти од тие што треба да се вакцинираат, ако се исклучат децата, над 50 отсто се вакцинирани граѓани кои имаат над 70 години, околу 33 проценти од граѓаните над 60 години.

Повторно ќе кажам, првиот момент ако видиме дека има таков ризик повторно ќе воведеме мерки,“ рече министерот Филипче.

Додаде дека има доволно количини на вакцини, а имаше, подвлече и минатата недела.

– Со истата динамика продолжува и оваа недела. Значајно ќе се зголеми бројката на почетокот на следната недела кога очекуваме да стигнат поголема количина на вакцини, рече Филипче.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 433 случаи на Ковид-19 од 2.453 тестирања

Редакција

Бучковски заминува за Софија, какви предлози носи не се знае

Редакција

Убава вест: Утрово не се регистрирани нови заболени пациенти со корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница