еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

15-годишно дете управувало со автомобил во кој имало пет пиштоли, поведена постапка за татко му

Дете на 15 години било запрено од полицијата во вечерните часови на 23. јануари, додека возело во скопско Волково, а во автомобилот биле пронајдени дури пет пиштоли.

Во автомобил Ауди А8 се пронајдени два пиштоли, едниот со калибар 7,65мм, а другиот со калибар 9мм со по четири куршуми за секој од нив, еден пиштол за кој неговиот татко имал дозвола за поседување со осум куршуми, и уште два сигнални пиштоли.

Основното јавно обвинителство отвори истражна постапка за 55-годишниот татко на момчето, кој се товари за Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.

Исто така, како што информираат од таму, јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерки на претпазливост за таткото – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице, одземање на патната исправа, одземање на возачката дозвола, но и забрана за неговиот малолетен син, други малолетни лица или други неовластени лица да имаат пристап во просторија или во домот каде што има огнено оружје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Пановски го „запали“ Фејсбук за одлуките на Владата каде треба да се носат маски: „Кој не полуди, тој не е нормален“

Редакција

Следната недела нова рунда преговори за политичкиот пакет прашања со Бугарија

Редакција

Лани регистрирани 50 случаи на ХИВ/СИДА, просечната возраст е 35 години, повеќето се мажи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница