еМагазин
Image default
Македонија

150 кревети на Интерните клиники од денеска се за лекување на ковид пациенти

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска се сретна со директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија проф. д-р Дејан Докиќ, како и со дел од медицинскиот персонал, на интерните клиники каде веќе од денеска на располагање се ставаат 150 болнички кревети за лекување на ковид пациенти.

Овој проект со кој се зголемува сместувачкиот капацитет за пациенти заразени со Ковид-19, нема да го поремети нормалното функционирање на сите овие клиники, велат од Министстерството.

Изминатиов период, министерот Филипче со директорите на сите интерни клиники одржа повеќе координативни состаноци, медицинските тимови се подготвени да работат и со ковид пациенти, а да ги вршат и тековните прегледи и интервенции закажани преку „Мој термин“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стојанов ја врати објавата во која нуди 200 евра за идентитетот на македонски полицаец, МВР го известило Обвинителството

Редакција

Гркинка се обидела од Македонија во Грција да го внесе нејзиното бебе скриено во торба

Редакција

Во Собранието продолжува расправата за реконструкцијата на Владата

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница