Во Секторот за внатрешни работи Скопје, вчера околу 23:15 часот било пријавено дека во автобус на ЈСП бр.22, кој сообраќал на релација Центар –Волково, во близина на Поликлиниката – Ѓорче Петров, по претходна вербална расправија на две групи, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка.
Притоа лицето Н.М. (17) од Скопје се здобил со телесни повреди нанесени со нож (две посекотини на десната нога) по што е пренесен во болницата “8 Септември“ каде што му е укажана лекарска помош и е пуштен дома. Потоа Н.М. отишол во полициска станица и дал изјава за настанот.
Две лица се приведени во Полициска станица. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.