Момче на возраст од 18 години рано изутрина загина во несреќа кај Елешец, а 16-годишник е пренесен во болница со тешки телесни повреди.
Станува збор за лицето Д.Ц. од Охрид, кое починало на лице место.
Починатото момче како што информираа од Министерството за внатрешни работи, со патнички автомобил „пежо“ со охридски регистарски таблици, излетал од патот.
Смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош, а неговото тело е предено на обдукција.
Неговиот сопатник, 16- годишното момче од Охрид е пренесено во болницата „Св.Еразмо“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.