еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

19-годишник од селото Дреново ја силувал 11-годишната сестра

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишен жител на селото Дреново, осомничен дека сторил кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Осомничениот искористил момент додека бил сам во домот со неговата 11-годишна сестра, па врз неа извршил други полови дејствија.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и со

Решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​​

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер „тежок“ 82.000 евра: Град Скопје купува патнички возила

Редакција

Скопјанец пронајден мртов во домот

Редакција

Нови 1.128 случаи на Ковид-19 од 3.082 тестирања, најмногу во Скопје 569

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница