еМагазин
Image default
Балкан

22 митрополити од Северна Грција му пишаа на Ципрас дека се против Договорот од Преспа

Несогласување со Договорот од Преспа изразуваат 22 митрополита од Северна Грција со писмо испратено до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, до претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, до грчкиот премиер Алексис Ципрас, до претседателот на грчкиот парламент Никос Вуцис, до Архиепископот на грчката православна црква Иеронимос, како и до претседателите на партиите и членовите на парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.

-Ратификација на Договорот од Преспа од парламентот на Грција, како и признавање на Автокефална црква на Македонија, не само  што нема да бидат основа за мирен соживот на грчкиот народ и народот на соседната земја, туку ќе бидат постојано жариште за негување на иредентизам и непријателство. Бидејќи ниту еден договор не може да просперира ако не се базира на вистината, пишуваат митрополитите.

На почетокот од опширното писмо на 6 страници, велат дека пред речиси една година јавно ги изразиле нивните стравови, нивната загриженост и нивните размислувања во врска со тогаш договорот во подготовка, но „за жал не биле послушани“.

Сега, упатуваат молба до сите, секој да ја земе предвид „својата историска одговорност и да не се најде соочен со народот и историјата“.

-Изјавуваме дека ќе ја извршиме нашата должност, потчинети на нашата архиерејска свест и на историската одговорност што сите ја имаме и ја чувствуваме во овој момент, со Божји благослов ќе продолжиме да го изразуваме преку црковниот и патриотски морал, нашето комплетно несогласување за сѐ што ја оцрнува славната историја на Македонија, славен и измачен дел од нашата татковина Грција, пишуваат митрополитите и додаваат дека ќе бидат против сето она „што го дестабилизира регионот и отвора порта за иредентизам што создава услови за премногу опасни кризи во поширокиот регион“.

Писмото е потпишано од Митрополитите од Солун, Лерин, Кукуш, Сер, Воден, Кожани и слично.

Меѓу 22та Митрополити, прв е солунскиот митрополит Антимос.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бранислав Лечиќ даде исказ во полиција: Го негирал силувањето на актерката Даниела Штајнфелд и тоа поминало на полиграф

Редакција

(Вознемирувачко видео) Италијански и холандски навивачи направија хаос во Тирана и ја нападнаа полицијата

Редакција

(Видео) „Не забораваме„: Цела Грција штрајкува на годишнината од трагичната несреќа кај Темпи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница